Откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги објавија своите кандидати за градоначалници во Општина Неготино, а тоа се Петар Мантев и Марија Нацева, уште едно име влегува во игра за освојување на градоначалничката фотеља.
Политичката партија Демократи објави дека на претстојните избори во Неготино ќе настапат со кандидатот Јаминка Ристова.
Покрај Неготино, партијата уште осум свои кандидати за други градови во земјава, и тоа претседателот на партијата, Јорго Огненовски за Општина Битола, Васко Наумовски за Општина Новаци, Јасминка Стојковска за Општина Прилеп, Милан Мајкиќ за Општина Дојран, Изет Зејнеловиќ за Општина Тетово, Маријана Деловска за Општина Велес, Зоран Петковски за Општина Гази Баба и Северџан Илјаз за Општина Шуто Оризари.
Инаку, партијата Демократи е основана во 2018 година од страна на Јорго Огненовски, кој е поранешен каратист, но и актер кој во минатото живеел во Америка и имал две продуцентски филмски куќи.
В.К.

