Маж од Скопје вчера среде бел ден, со 2,60 промили алкохол во крвта управувајќи возило мерцедес, предизвикал сообраќајна несреќа во кавадаречко. Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, истиот бил лишен од слобода.
-На 19.09.2025 во 12:25 часот на регионалниот пат Кавадарци- Росоман од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода е лишен М.А.(39) од Скопје.
Тој управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки предизвикал сообраќајна несреќа, а при вршењето на увид е констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од СВР Велес.
Деск

