Во тек на вчерашниот ден во Неготино, каде се одржуваше манифестацијата Неготински панаѓур, бил приведен маж од Струмица, кој со возило кое го украл од Гевгелија, дошол во градот.
Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, возилото голф било вратено на сопственикот, а против струмичанецот ќе биде поднесена соодвтена пријава.
-На 23.09.2025 во 14:20 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода А.Х.(31) од Струмица.
При контрола на патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки што тој го управувал, било констатирано дека истото на 23.09.2025 било пријавено за одземено на подрачје на ОВР Гевгелија.
Тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и вратено на сопственикот. По документирање на настанот, против А.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од полицијата.
Деск

