Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев испрати механизација, за да помогне во расчистување на сметот во главниот град. Како што појаснува за ВИКИМЕДИА, во Скопје на терен биле испратени три современи камиони за собирање и пресување на смет, како и луѓе од кавадаречки Комуналец, на испомош.
-На барање на Општина Кисела Вода испративме три камиони кои ќе помогнат во собирањето на сметот, таму се и нашите луѓе на испомош. Со Општина Кисела Вода имаме потпишано меморандум за соработка и сосема разбирливо и човечки е да се пружи помош во овие моменти.
Нашиот возен парк има 12 современо опремени камиони за собирање на смет, од кои осум постојано се активни низ Кавадарци, а пак четири од нив се во приправност. Сега, во нашата општина имаме еден камион на приправност, бидејќи три од нив се на терен во Скопје, додека останатите осум си работат низ Кавадарци. Се надеваме дека Скопје ќе го надмине овој проблем, истакна Јанчев.
Вики Клинчарова
Митко Јанчев испрати современа механизација за да се исчисти ѓубрето во Скопје: Разбирливо и човечки е да се пружи помош!
1 Min Read

