Агресивен росоманец со дури 3,66 промили алкохол во крвта бил приведен вчера, среде бел ден, соопштија од МВР, и ова е втор, речиси идентичен случај за кратко време, кога исто така беше приведен агресивен маж од Росоман, со исто 3,66 промили алкохол, на пладне.
За новиот случај, од полицијата известуваат дека вчера во 15:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Н.(46) од Росоман затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, при преземање мерки во врска со настанот кај него се измерени 3,66 промили алкохол во крвта.
-Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од секторот.
И во првиот случај, како што извести МВР, приведениот бил агресивен кон полициски службеници.
Деск

