Вчера во 20:55 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид бил пронајден починат С.Н.(57), соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.
Од таму додаваат дека лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на Судска медицина за обдукција.
Неофицијално, станува збор за познат урбан лик од градот, односно за охриѓанец кој долг период се занимавал со угостителство.
Деск

