Од 1 февруари 2026 година, туристите што го посетуваат Рим ќе мора да платат билет од два евра за да се приближат до познатата Фонтана Ди Треви, објави градоначалникот на градот во петокот, а пренесоа светските медиуми.
Роберто Гуалтиери на прес-конференција изјави дека целта на оваа мерка е да се управуваат тековите на посетителите, да се заштити споменикот, кој е традиционално место за фрлање монети и за искажување желби, и да се подобри квалитетот на посетата.
Според општина Рим, локалитетот има просечно околу 30.000 посети дневно, најмногу до 70.000, што вкупно изнесува повеќе од девет милиони посетители годишно.
За да се подобри управувањето со гужвите и да се заштити споменикот, ќе се извршат и подобрувања на оградата околу фонтаната.
Исто така, ќе се наплаќаат билети и за Вилата на Максенциј, Наполеонскиот музеј, Музејот Карло Билоти и Музејот Каноника.
Гвалтиери додаде дека сите музеи и споменици ќе останат бесплатни за жителите на Рим и неговата метрополитенска област, за лицата со попреченост и за децата под пет години.
Инаку, фонтаната е висока 26,3 метри и широка 49,15 метри, и таа е најголемата барокна фонтана во градот Рим и една од најпознатите фонтани во светот.
Секој ден 3,000 евра се фрлаат во фонтаната, од страна на посетителите.
Овие монети се собираат и се дадени на италијанската добротворна организација. Тие пак, ги трошат за да им дадат картички на сиромашните во Рим за да им помогнат во нивното секојдневно живеење.
Деск
ВО ФОНТАНАТА ДИ ТРЕВИ ДНЕВНО СЕ ФРЛААТ ПО 3.000 ЕВРА, НО ТУРИСТИТЕ КОИ САКААТ ДА И СЕ ПРИБЛИЖАТ ЌЕ ПЛАЌААТ БИЛЕТ
2 Mins Read
Previous ArticleСЕ БАРА ВОВЕДУВАЊЕ НА КАЗНИ ЗА ОТПАД ФРЛЕН ОД ВОЗИЛА

