Момче од Демир Капија, кое сакало да дели пакети од црквата, за што би добило паричен надомест, пријавило во полиција сомнеж дека е жртва на измама од страна на неготинец.
Имено, вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријавил дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добиле паричен надомест.
Но, до пријавување не бил повикан да дели пакети, ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.
Како што појаснуваат од полицијата, момчето во меѓувреме добило писмо од финаниско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта.
Од СВР Велес додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Деск
ДЕМИРКАПИЕЦ ДАЛ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА НЕГОТИНЕЦ ПОРАДИ НАВОДНО ДЕЛЕЊЕ НА ЦРКОВНИ ПАКЕТИ, ПА ДОБИЛ ПИСМО ЗА ОТПЛАТА НА КРЕДИТ ОД 3.500 ЕВРА!
1 Min Read
Previous ArticleАМЕРИКАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ ВО НЕГОТИНО!

