Исплатени се 338.468.141 денари, односно над 5,5 милиони евра кон 9.567 овоштари, информира министерот за земјодлство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
-Исплатата се реализира по Мерката 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади.
Продолжуваме да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да допринесуваме кон развојот на македонското земјоделство, соопшти Трипуновски.
Минатата недела, од министерството известија дека се исплатени и субвенциите за лозарите.
Деск

