Голема трагедија се случи денес во Скопје, откако 31-годишна жена и нејзината 6-годишна ќерка починаа по пад од шести кат од зграда.
Телата на жртвите се пронајдени кај станбен комплекс помеѓу улицата „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Тафталиџе, по 14 часот.
Пријавата стигнала во Министерството за внатрешни работи попладнево во 14:15 часот, а полициски екипи и обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршија увид на местото на настанот.
Случајот во полиција бил пријавен како самоубиство, но од МВР велат дека делото не може да биде квалификувано додека не заврши увидната постапка.
Деск

