Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство, објави на социјалните мрежи Александар Стојаноски, брат на мајката која денес заедно со 6-годишната ќерка почина по пад од балкон во Скопје.
-Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа, пишува Александар.
Вели дека со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапиле досега, барал фокус од јавноста и медиумите за случајот.
-Нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам.
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем, објави Стојаноски.
По повод настанот, од МВР изјавија дека ќе излезат со повеќе детали по увидната постапка.
Деск
ДЕНЕС СЕ СЛУЧИ УБИСТВО: БРАТОТ НА ЖЕНАТА КОЈА СО ЌЕРКАТА ПОЧИНА ПО ПАД ОД БАЛКОН, СО АПЕЛ ДО ЈАВНОСТА
2 Mins Read
Previous ArticleМАЈКА И 6-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНАА ПО ПАД ОД БАЛКОН ВО СКОПЈЕ

