Инспекциите биле постојано на терен, а заклучокот биле дека има доволно нафта, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски.
-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднички беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството.
Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира, истакна премиерот.
Вели дека имаат неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсолутно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните, порача тој.
Деск

