И покрај сите кампањи против семејно насилство кои засилено се реализираат периодов, со несмалено темпо продолжува насилството врз жените. Во денешниот полициски билтен, повторно е регистиран нов случај, кога маж физички ја нападнал сопругата во домот. По насилството, дошле неговиот и нејзиниот татко, кои пак влегле во меѓусебен конфликт и започнале турканица.
-Вчера во 16:30 часот, во Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско лишиja од слобода 26-годишник од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга, по што дошле неговиот татко и таткото на неговата сопруга и настанала турканица меѓу нив, соопшти Секторот за внатрешни работи по повод случајот.
Од полицијата известуваат дека мажот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
ЈА ТЕПАЛ СОПРУГАТА, ПА ТАТКО МУ И ТАТКО И ДОШЛЕ ДА СИ ГИ МЕРАТ СИЛИТЕ: НЕМА ДЕН БЕЗ ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
1 Min Read

