Гладот го победи стравот, обајви Иван Пешевски од СГИП, по вчерашниот протест за зголемување на работничките плати, организиран од Созузот на синдикатите.
Како што истакнува Пешевски, работниците покажале дека не се издржува со 26.000 денари минимална плата. 
-Работниците не излегоа за да се прошетаат туку да им укажат на власта и работодавачите дека со празни фрижидери, продуктивен работник не се одржува. За да го помине месецот како човек на работникот му требаат 64.000 денари, а добива трипати помалку.
Денес многу работници не дојдоа поради заканите во удбашки стил дека ќе бидат снимени, следени, а можеби и избркани или деградирани на работните места. Само бидете сигурни дека следниот пат „филмот” ќе пукне, гладот ќе го победи и стравот и лавот, објави тој.
Додава дека веќе никому не му е гајле дали ќе бидат етикетирани како СДСМ, ДПМНЕ, Левица, ДУИ или Вреди.
-Бројте не, боите не, сликајте не. Но да знаете дека НИЕ сме ВМРО, она што вие неможете да бидете. ВМРО е свето име, а за да бидеш ВМРО треба да го цениш работникот кој ја гради, ја одржува економијата и интегритетот на нашата држава Македонија.
Затоа во најкус можен рок побарајте не да не известите дека ќе ја покачите минималната плата на 600 евра и сите останати за 6.000 денари, порача Пешевски.
И претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кажа дека барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6 000 денари.
Деск
ЗА ДА ГО ПОМИНЕ МЕСЕЦОТ КАКО ЧОВЕК, НА РАБОТНИКОТ МУ ТРЕБААТ 64.000 ДЕНАРИ, А ДОБИВА ТРИПАТИ ПОМАЛКУ, ВЕЛИ ПЕШЕВСКИ
2 Mins Read

