Денес во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 13:30 ч., ќе се одржи настанот „Кочани ви благодари“, посветен на изразување почит и благодарност до сите што помогнаа во лекувањето и заздравувањето на повредените во трагичниот пожар.
На настанот ќе бидат доделени благодарници на медицински установи, екипи и поединци од државата и од странство, кои со својата стручност, пожртвуваност и хуманост дадоа значаен придонес во грижата за повредените по трагедијата.
Од Општина Кочани ги повикуваат граѓаните што сакаат да покажат почит кон исцелителите на над 200 младинци, да го проследат настанот кој на видеобим ќе може да се следи и однадвор, во Градскиот парк во Кочани.
Во културно-уметничкиот дел ќе настапат уметниците Игор Дурловски, Јована Зајкова, Бобан Русески и Зарина Првасевда.
Деск
КОЧАНИ ЌЕ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ НА СИТЕ КОИ ПОМОГНАА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ
1 Min Read

