Од денеска 17 Март директно може да се лета од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, соопшти министерот за транспорт и врски, Александар Николоки.
Како што истакнува, веќе од 29 март се воведува уште една линија од Охридскиот аеродром директно до Милано.
-Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.
Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт.
Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.
Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри, вели Николоски.
Деск
ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДО БРАТИСЛАВА И МИЛАНО, СО ЦЕЛ НОВИ ТУРИСТИ ВО ОХРИД
1 Min Read

