По петнаесет месеци откако се случи сообраќајката на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во која загина 40-годишен велешанец, во Германија е уапсена В.З. (20) од Градско, која беше обвинета за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Станува збор за сообраќајка која се случи во ноември 2024 година, кога на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, во близината на село Рибарци, Општина Росоман, во 08:45 часот, возилото „сеат“ кое го возела В. З., тогаш 18-годишна, удрило во возило „опел“ каде почина сопатникот Марјан Петровски (40 год) од Велес, а две лица, возачот на „опелот“ и 18-годишната сопатничка во возилото на обвинетата, имаа тешки телесни повреди.
Според информација од Основниот суд Кавадарци, В.З. возела брзо, преминала на другата коловозна лента, но не била под дејство на алкохол или опијати. По неа беше издадена потерница, а и се судеше во отсуство и беше прогласена за виновна.
По апсењето во Германија, таа се наоѓала во притвор, и започнала постапка за нејзино испорачување во Македонија.
Деск
ПО 15 МЕСЕЦИ ВО ГЕРМАНИЈА Е УАПСЕНА ДЕВОЈКАТА КОЈА ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ НА ПАТОТ КАВАДАРЦИ-РОСОМАН
1 Min Read

