-Плачеше тој, плачевме и ние. Многу тажно, но и убаво во исто време, вели Зденка. Приказна која ја трогна јавноста во Загреб деновиве доби среќен тек, откако граѓани се организираа да му помогнат на човек кој секојдневно го носи своето болно куче Боби на ливада.
Фотографиите од сопственикот и неговото куче, споделени на социјалните мрежи, предизвикаа лавина реакции, по што следуваше и конкретна помош.
„Пристигна првата донација – денес му однесовме количка за Боби“, изјави неговата соседка Зденка за хрватскиот медиум Index.
Таа додава дека средбата била исклучително емотивна. „Плачеше тој, плачевме и ние. Многу тажно, но и убаво во исто време“, вели таа.
Дополнително, на сопственикот му е обезбедена и помош во форма на храна и лекови за кучето од компанијата Apipet.
Приказната првично беше објавена во Фејсбук група, каде што соседката го пофалила неговиот хуман гест, истакнувајќи дека и покрај скромната финансиска состојба, тој не се откажува од грижата за својот миленик.
Овој настан уште еднаш потсетува дека вистинската љубов и хуманост најчесто се гледаат во малите, секојдневни постапки.
М.К.
ГРАЃАНИ СЕ ОРГАНИЗИРАА И ОБЕЗБЕДИЈА КОЛИЧКА ЗА БОЛНОТО КУЧЕ БОБИ, КОЕ СОПСТВЕНИКОТ СЕКОЈ ДЕН ГО НОСИ НА ЛИВАДА
1 Min Read
Previous ArticleМИР НЕ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ, САМО УЧИШ КАКО ДА СЕ НОСИШ СО СЕТО ТОА, КАЖА ПЕТРОВИЌ ВО ТВ ЕМИСИЈА
Next Article ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

