Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека со употреба на сила влегол во домот на Р.Т.(55) од Велес и одземал телевизор, соопшти полицијата.
Одземеното било пронајдено кај Б.З. и било вратено на сопственикот.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

