Министерството за внатрешни работи излезе со детали за вчерашното убиство во Охрид, во кое жртва е Климе Митрески, а пак осомничен е Жарко Гроздановски, и двајцата во јавност познати како големи верници и патриоти.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Г.(53) од тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Тој, на 25.03.2026 година околу 18.30 часот, во домот на К.М.(76) од Охрид, предизвикал вербална расправија по што, искористувајќи згодна прилика, физички го нападнал а потоа со раце предизвикал негово задушување.
СВР Охрид, по преземени мерки и координација со МВР и јавниот обвинител, вчера (27.03.2026) распиша централна потерница по што, во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода, соопштија од полицијата.
Деск
ПРВИН СЕ СКАРАЛЕ, А ПОТОА СО РАЦЕ ГО ЗАДУШИЛ: МВР СО ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО ОХРИД
1 Min Read
Previous ArticleПРИТВОРЕН ВЕЛЕШАНЕЦ КОЈ УКРАЛ ТЕЛЕВИЗОР

