Расчистено е вчерашното убиство во Виница, кривична пријава за осомничениот 80 годишен грчки државјанин, а лишени се од слобода вкупно четири лица, соопшти МВР.
-Вчера во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско, известија од министерството.
Додаваат дека по преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале.
-При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата.
Против Г.П.(80) од Грција ќе биде поднесена кривична пријава по чл.123 од Кривичниот законик, а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од МВР.
Деск
80-ГОДИШЕН ГРК ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО НА ВИНИЧАНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ КАЈ ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА
1 Min Read
Previous ArticleМЛАДАТА УКРАИНКА КОЈА ПИТАЧЕШЕ ВО СКОПЈЕ ОДБИЛА ПОМОШ И СЕ НАЛУТИЛА БИДЕЈЌИ НЕЈЗИНАТА ПРИКАЗНА ИЗЛЕГЛА ВО ЈАВНОСТ
Next Article БЕЗ СЕРТИФИКАТ ЗА ЗДРАВ РАЗУМ, НЕМА БРАК ВО ВИЕТНАМ!

