Денеска потпишавме Меморандуми за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода и Општина Илинден за изградба на нови полициски станици во овие две општини – значаен чекор кон зајакнување на безбедноста и подобрување на услугите за граѓаните, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Вели дека за првпат во Општина Илинден се планира изградба на полициска станица, а нов објект е предвиден и во Општина Кисела Вода.
-Со овие инвестиции директно обезбедуваме поголемо полициско присуство, побрза и поефикасна реакција и подобра достапност на услугите.
Оваа соработка е резултат на заедничка посветеност со локалната самоуправа за создавање побезбедна и посигурна средина за сите граѓани. Преку конкретни проектни активности ќе работиме на реализација на овие објекти, но и на други иницијативи од заеднички интерес.
Нашата цел е јасна, а тоа се институции што се поблиску до граѓаните, поефикасни услуги и континуирано унапредување на безбедноста. Продолжуваме со конкретни мерки и инвестиции што носат видливи резултати, истакна министерот.
Деск

