На денешното судење на Стојанче Јовановски, чија сопруга Ивана и 6-годишата ќерка Катја починаа по пад од балкон на втори март, се изнесуваат тегобни детали од животот на починатите. Мајката на Ивана, Љубица Стојановска сведочи дека Ивана често била помодрена, но кажувала дека се удрила или паднала од тротинет.
Раскажа и за немил настан кога Стојанче ја повикал во еден по полноќ, за да си ја земе ќерка и, дека дошла и полиција, ги спомна и навредливите зборови и вулгаризми кои зетот ги упатувал кон ќерка и.
-Се сомневав дека ја тепа, ама таа не ми признаваше, велеше -ќе биде во ред. Јас во ниту еден момент не го прашав зет ми, сметав дека тие сами ќе си решат, не сакав да се мешам, сведочеше мајката на Ивана.
Раскажа за настан кога Стојанче ги оставил Ивана и Катја среде автопат, во еден по полноќ, како и дека ја клоцал Ивана, а девојчето и кажало дека и тоа било удрено. Ивана се јавувала кај родителите на Стојанче да ги земат од патот, но тие одбиле, по што другар на Стојанче дошол по нив.
-Ивана потоа нас ни рече -тато, мамо, не можам веќе да издржам. Ние двајцата ѝ кажавме да остане кај нас, дека тоа е нејзина куќа, сведочеше Љубица.
Раскажа потресни детали за тоа како Катја го опишувала тепањето, кога Ивана клекнувала и се обидувала да се заштити со рацете, како и за навредливите зборови кои Стојанче и ги кажувал пред детето.
Стојанче пак, кој е обвинет за загрозување на сигурноста за тешка телесна повреда и за наведување на самоубиство, кажа дека не ја терал Ивана да се самоубие.
Деск
МАЈКАТА НА ИВАНА ЗНАЕЛА ЗА ИЗЖИВУВАЊЕТО НА СТОЈАНЧЕ, АМА ОСТАВАЛА САМИ ДА СИ ГИ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ И НЕ САКАЛА ДА СЕ МЕША
2 Mins Read
Previous ArticleЌЕ СЕ ГРАДАТ ПОЛИЦИСКИ СТАНИЦИ ВО КИСЕЛА ВОДА И ВО ИЛИНДЕН

