Тој е дете на Грк и Македонка, а живее во Австралија и преку музика и ора ги поврзува народите. Јоргос Капорис пред дваесеттина години го основал ансамблот ,,Душа Балканска” и со помош на музиката гради мостови помеѓу народите.
-Создаваме хармонија од различните култури. Кај нас нема политика – сите сме тука со една цел, да играме фолклор. Тоа е нешто најубаво што можеме да го доживееме. Татко ми е Грк, мајка ми е од егејскиот дел на Македонија.
Идентитетот е нешто што не може да се избрише. Од баба ми и дедо ми слушав приказни за страдања, за неправди… тоа боли. Зошто некој мора да помине низ тоа? Идентитетот е идентитет, политиката е нешто друго, вели Капорис во интервју за СБС Македонски.
Мисијата на овој културен амбасадор е да покаже дека уметноста нема граници, а со звуците на традиционалната музика и чекорите на народното оро, се обединуваат луѓе од различни култури и националности.
Деск

