Македонските аеродроми остануваат лидери во регионот, владините политики како одговор на глобалните предизвици, пишува министерот за транспорт, Александар Николоски.
Како што истакнува, меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година.
-За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал” EX-YU Aviation News”.
Во првите месеци од годинава, домашните аеродроми бележат раст од 30 % по број на патници и околу 20% по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија, објави Николоски.
Додава дека само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава.
-Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии.
Развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции.
Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.
Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено, соопшти министерот.
Деск
НИКОЛОСКИ: СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ СЕ ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ, ПОТВРДЕНО Е ОД МЕЃУНАРОДНИТЕ МЕДИУМИ!
2 Mins Read
Previous ArticleЕМИНА ЈАХОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

