Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски блесна на маратонот во Белград, освојувајќи го второто место со маестрална трка и извонреден финиш, трчајќи со време од 2 часа, 9 минути и 35 секунди.
Во силна меѓународна конкуренција, Ивановски покажа класа, издржливост и победнички дух, уште еднаш потврдувајќи дека припаѓа во самиот врв на регионалната атлетика.
Овој голем успех претставува гордост за Македонија и силна најава за негови нови достигнувања на големите сцени.
Деск

