Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ одржавме трибина во Општина Кавадарци, еден од најзначајните центри на лозарството во државата. Македонското земјоделство има иднина, ја градиме заедно, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
На прашањето кое му беше поставено во Кавадарци, кој е неговиот коментар околу интерпелацијата која беше поднесена против него, Трипуновски одговори дека во изминатите две години сработиле повеќе отколку претходната власт во седум години.
„Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана.
Некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација.
Министерот Трипуновски додаде -„Имаме доволно аргументи со кои ќе се соочиме и ќе покажеме што е сработено во изминатите две години, за разлика од нивните седум години“.
Деск
ТРИПУНОВСКИ: СО АГРУМЕНТИ ЌЕ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СРАБОТИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ДВЕ ГОДИНИ, ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ЗА СЕДУМ ГОДИНИ
1 Min Read
Previous ArticleСО ДОНАЦИЈА НА ОРГАНИ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ДОБИЈА НОВА ШАНСА

