Христијан Настевски, попознат како Пајак, важи за еден од најпопуларните млади пејачи кај новата генерација и има голема поддршка од младата публика. Освен со музиката, тој често привлекува внимание и со својата искреност кога зборува за приватниот живот. Во интервју за Телма, Пајак откри емотивни детали за своето семејство и односот со родителите.
Тој раскажа дека отсекогаш сакал неговата мајка повеќе да одмора и дури ја терал да не работи, но таа не сакала да престане. Според него, и мајка му и татко му многу работеле и дале сè за да му овозможат подобар живот и успешна иднина. Токму затоа денес чувствува обврска секогаш да им помага и да биде тука за нив.
Пејачот откри и дека неговите родители често одат на одмор во Грција, дури по два или три пати во текот на летото. Интересно е што тој самиот досега ниту еднаш не бил во Грција.
Како што објасни, кога бил помал немало можности, а денес поради бројните обврски и работа на музичката кариера сеуште не успеал да оди.
М.К.

