-Многумина ме уверуваа дека хармониката е машки инструмент, но јас никогаш немав проблем и по два часа да го држам во раце овој прекрасен инструмент, тежок околу 15 килограми. Не ми веруваа и дека сум самоука, учев да свирам гледајќи ги брат ми и татко ми на настапи, и уште од дете знаев дека еден ден и јас ќе бидам хармоникаш, ни раскажа во интервју од пред неколку години Зорица, која беше првата жена – хармоникаш во Македонија.
Зорица Велковска, по потекло од Марена, а омажена во Велес, помина речиси четири децении со хармониката во рака, се до нејзината ненадејна смрт пред четири години, кога почина во својата 52-ра година од животот, од мозочен удар. Зад себе ги остави синовите и сопругот, на кои секогаш беше горда и знаеше да каже дека кога се работи со љубов, се наоѓа време за се, и за семејството и домашните обврски, но и за хармониката.
Нејзината смрт во 2022 година беше шок за цела естрада.
-Беше полна со живот, и постојано и беше хармониката во рацете. Позитивна, расположена, никогаш не се жалеше на ништо, и веста за нејзината смрт не затекна сите кои ја знаевме и соработувавме со неа. Свиреше на хармоника со копчиња и клавијатура, и беше дел од многу културни друштва и ансамбли. Со својот талент и умешност ги рушеше сите бариери и предрасуди дека постојат женски и машки инструменти, ни раскажаа нејзини колеги.
В.К.
Previous ArticleЛИДЛ БАРА РАБОТНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ

