Осумдесет и деветгодишен пешак од општина Росоман го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Прилеп–Градско, соопштија од надлежните институции.
Несреќата се случила околу 18:05 часот, кога товарно возило „Сканија“ со приколка, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Р.Ј. од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.
Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По насоки на обвинителството, возачот на товарното возило е лишен од слобода, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Деск

