Безвременскиот хит ,,Јорговани” кој Дино Мерлин го сними со Весна Змијанац пред 38 години, синоќа одекна во Белградска арена, каде Весна одржа солистички концерт. –Бев млад и Весна беше од ретките кои тогаш ми пружија рака. Таа во мене го виде потнецијалот и ја препозна оваа песна, кажа Мерлин за време на концертот.
Околу тоа како се случила дуетската песна пак, тој раскажуваше пред неколку години во емисија на Јутјуб каналот Кликс.
-Јас сакам маратони, а не трки на 100 метри. Значи сакам кога мојата песна ќе се слуша и после 30, 40 години.
Евергрин дуетот ,,Кад замиришу јорговани” со Весна е од 1988 година, но за неа имам напишано и други песни. Кога ја напишав ,,Јорговани” на својот менаџер Кемал му реков дека имам хит за сите времиња. Му кажав дека сакам да снимам дует, но не знаев со кого. И додека седевме во кафеана, тој на шега ми рече да ја снимам песната со Весна. Беше околу еден часот на пладне, јас веднаш го удрив Кемал со лактот, тој веднаш влезе во жолтиот Голф и тргнавме кон Белград.
Стигнавме на улица ,,Таковска 10” околу седум часот навечер, долг беше патот, но не ми дозволија да влезам внатре, каде Весна го снимаше своето шоу. Разговарав со чуварот, и видов дека Кемал веќе влегол внатре, стигнал до Весна и и кажал дека имам песна за неа.
На полноќ се сретнавме во студиото Аквариус, таму беше Коренлије Ковач, уште неколку лица, како и сопругот на Весна кој тогаш и беше менаџер.
Ја отсвирав ,,Јорговани”, Весна бараше да ја свирам уште неколку пати. На сите им влезе во уво, па таа го запре целиот проект кој и беше започнат и ние ја снимивме песната.
Набргу снимивме и видео запис, и за 15 до 20 дена песната ја виде светлината на денот. Таа влезе во уво, но и во срце на публиката. Сето останато е легенда, раскажа музичарот во емисијата на Кликс каналот.
Б.Н.

