Деветнаесетгодишник од скопското село Бојане е лишен од слобода под сомнение дека извршил убиство врз 18-годишен сограѓанин, информираат од полицијата.
Станува збор за М.Б. (19), кој на 17 мај 2026 година околу 00:50 часот бил приведен од полициски службеници од СВР Скопје. Според информациите, претходно на телефонската линија за итни случаи 192 се јавил неговиот татко, кој пријавил дека синот му признал оти два дена претходно, на 15 мај, со пиштол го усмртил Б.Д. (18).
Убиството, како што се наведува, се случило во шумски предел во околината на Сарај. По пријавата, полицијата презела мерки и активности, при што биле пронајдени телото на жртвата и огненото оружје со кое било извршено делото.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „убиство“ согласно член 123 од Кривичниот законик.
Надлежните продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.
Деск
ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА 18-ГОДИШНО МОМЧЕ ВО ШУМА ВО САРАЈ, 19-ГОДИШНИК ПРИЗНАЛ ДЕКА ГО УБИЛ
1 Min Read
Previous ArticleБЕЛГРАД ВО ЗНАКОТ НА PINK FLOYD: ДВА КУЛТНИ АЛБУМИ НА ЕДНА СЦЕНА

