Белград ќе биде домаќин на уникатен музички спектакл посветен на легендарниот британски рок-бенд Pink Floyd, каде во една вечер ќе оживеат два од нивните највлијателни албуми – The Wall и The Dark Side of the Moon.
Настанот ќе се одржи на 22 мај во MTS Dvorana, а програмата предвидува две одделни концертни изведби во текот на вечерта. Првиот дел започнува во 18 часот со целосна интерпретација на „The Wall“, додека вториот концерт, од 21 часот, ќе биде посветен на „The Dark Side of the Moon“.
Организаторите најавуваат моќно аудио-визуелно доживување, инспирирано од оригиналните настапи на Pink Floyd, со богати светлосни ефекти, ласери и внимателно реконструирана сценографија што ќе ја долови препознатливата атмосфера на бендот.
На сцената ќе настапат реномирани музичари кои во текот на своите кариери соработувале со членови на групата, меѓу кои и Roger Waters. Меѓу најавените имиња се вокалите Machan Taylor и PJ Olsson, кои се познати по своите настапи во проекти поврзани со музиката на Pink Floyd.
Публиката ќе има можност во живо да ги слушне безвременските хитови како „Another Brick in the Wall“, „Comfortably Numb“, „Money“, „Time“, „Us and Them“ и „The Great Gig in the Sky“, кои и децении подоцна остануваат симбол на прогресивниот рок.
Иако членовите на оригиналниот состав – Roger Waters, David Gilmour и Nick Mason – нема да бидат дел од настанот, концертот ветува автентично музичко патување низ делото на еден од највлијателните бендови во историјата.
Б.Н.

