Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одржа работна средба со копретседателите на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, на која во фокусот беше прашањето за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит.
На состанокот било истакнато дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до одржливи решенија кои ќе придонесат за зајакнување на меѓусебната доверба и заеднички напредок на државата.
Соговорниците се согласиле дека образованието и знаењето се клучни столбови на секоја современа и успешна држава. Во таа насока, институциите веќе работат на изнаоѓање решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност на системот.
Средбата завршила со заедничка определба дијалогот да продолжи и во наредниот период, со цел надминување на предизвиците и унапредување на институционалните политики.
Деск

