Ќерката на француската прва дама, Тифани Ојзер, во документарецот Брижит Макрон: Француски роман, емотивно зборува за љубовта меѓу нејзината мајка Брижит и францускиот претседател Емануел Макрон.
Во време кога започнала нивната врска, Ојзер имала само девет години, а Брижит била професорка на идниот претседател. Таа се присети на првите знаци дека меѓу нив постои нешто повеќе од обичен однос, откривајќи дека нејзината сестра Лоренс еднаш дошла дома и рекла: „Мамо, во нашиот клас има едно лудо момче што знае сè за сè“. Наскоро станало јасно дека двајцата се „прилично заљубени“, иако ситуацијата претставувала сериозен предизвик за целото семејство.
И покрај тешкиот почеток и јавниот притисок, денес Ојзер раскажа дека гледа на нивната врска со восхит. Во документарецот таа ја опишува како вистински пример за љубов: „Ако треба да дадам дефиниција за љубов, тоа се Емануел и мама. Кога се заедно, како да не постои светот околу нив.“
Таа истовремено застана во одбрана на својата мајка од, како што ги нарекува, „мизогини“ и „сексистички“ напади поради разликата во години меѓу сопружниците. Според неа, јавноста применува двојни стандарди, истакнувајќи дека вакви критики ретко би биле упатени кон машки политичар во слична ситуација. Ојзер додава дека зад дел од тие коментари стои и завист.
Деск

