Во Велес, 60-годишен маж бил приведен од страна на полицијата откако подолг период наводно вознемирувал 52-годишна велешанка и ѝ ѕвонел на влезната врата од нејзиниот дом.
Според информациите од надлежните, на 02.06.2026 околу 03:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лицето Ј.С. (60) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од оштетената. Таа пријавила дека мажот подолг период ја вознемирувал, вклучително и со ноќни ѕвонења на нејзината врата.
По приведувањето, Ј.С. бил спроведен во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
ВО ТРИ ПО ПОЛНОЌ ПРИВЕДЕН 60-ГОДИШНИК КОЈ ПОСТОЈАНО И ЅВОНЕЛ НА ВРАТА И ВОЗНЕМИРУВАЛ ЖЕНА
1 Min Read

