Реализацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 за 2025 година изнесува 56,9%, соопшти Министерството за правда на промоцијата на Годишниот извештај за напредокот на реформите во правосудниот сектор.
Од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во фаза на спроведување. Според Министерството, ваквата динамика укажува дека реформскиот процес се движи во вистинска насока.
Особено значаен напредок е постигнат во делот на судството и јавното обвинителство, каде што реализацијата надминува 81%, додека кај Уставниот суд степенот на спроведување изнесува 75%.
-Резултатите покажуваат дека реформите во правосудството се движат во вистинска насока. Овие показатели претставуваат потврда за посветеноста на институциите кон изградба на современ, ефикасен и транспарентен правосуден систем, усогласен со европските стандарди и потребите на граѓаните, истакнаа од министерството.
Од Министерството за правда нагласуваат дека постигнатите резултати ја потврдуваат посветеноста на институциите за изградба на поефикасен, потранспарентен и модерен правосуден систем, усогласен со европските стандарди.
Во периодот што следи, фокусот останува на дигитализацијата на правосудството, зајакнувањето на институционалните капацитети и натамошното унапредување на владеењето на правото.
Деск
РЕФОРМИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ДВИЖАТ ВО ВИСТИНСКА НАСОКА, ТВРДАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА
1 Min Read
Previous ArticleГИ УБЕДИЛЕ РОДИТЕЛИТЕ ДА ИМ ГО ДАДАТ БЕБЕТО ЗА 500 ЕВРА: КРИВИЧНИ ЗА ШЕСТ ЛИЦА ЗА НЕЗАКОНСКО ПОСВОЈУВАЊЕ!
Next Article СЕ УРНА МАЛ АВИОН ВО ХРВАТСКА!

