Мал авион се урна денес околу 11:18 часот на подрачјето на Кампанож, во близина на Медулин, Хрватска, при што според првичните информации животот го загубиле четири лица.
Тамошните медиуми информираат дека итните екипи веднаш излегле на терен, а во акцијата се вклучени полицијата, противпожарните единици и итната медицинска помош, кои го обезбедуваат местото на несреќата и спроведуваат истрага.
Неформални информации укажуваат дека се трага по уште две лица кои се водат како исчезнати, но овие податоци засега не се официјално потврдени.
Причините за падот на леталото сè уште не се познати. На терен е започнат увид, а се очекува во истрагата да бидат вклучени и стручни лица за воздухопловни несреќи со цел утврдување на околностите.
Повеќе детали се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и по завршување на увидот.
Деск
Previous ArticleРЕФОРМИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ДВИЖАТ ВО ВИСТИНСКА НАСОКА, ТВРДАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА
Next Article НА 96 ГОДИНИ, КЛИНТ ИСТВУД ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА

