Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против З.С. (68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Насилство врз дете“, предвидено и казниво согласно член 201 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, пријавениот, при извршување на работните задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетна ученичка која посетувала настава во истото училиште.
Во инцидентот ученичката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додека против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава. Понатамошната постапка ќе се води пред надлежните органи согласно законските процедури.
Деск

