Бугарскиот претседател Румен Радев денеска испрати нова порака поврзана со европскиот пат на Северна Македонија, нагласувајќи дека, според него, клучниот услов за отворање на преговорите со Европската Унија е внесување на Бугарите во македонскиот Устав.
За Дојче Веле, Радев истакна дека Софија останува подготвена да ја поддржи евроинтеграцијата на земјата, но дека, како што рече, „вратата за преговори ќе се отвори откако ќе се исполнат договорените обврски од преговарачката рамка“, при што уставните измени ги опиша како „едноставен, но неопходен чекор“.
-Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ. Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка.
Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес, вели Радев за ДВ, пред почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан кој се одржува во црногорскиот град Тиват.
Деск
ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА БРАЌАТА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, САМО ТРЕБА ДА ГИ ВНЕСАТ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ РАДЕВ ЗА ДВ
1 Min Read

