На 04 јуни 2026 година, околу 11:15 часот, во Кичево се случила сообраќајна незгода на улицата „Рудничка“, во која е повреден малолетник.
Според информациите од надлежните, 13-годишно дете од Кичево, управувајќи електричен тротинет, удрило во паркирано патничко возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д. (47) од Кичево.
Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а се работи на утврдување на сите околности за несреќата.
Деск

