Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кичево поднесе кривична пријава против 36-годишен маж од селото Пласница, општина Македонски Брод, поради сомнение за оштетување на културно добро под привремена заштита.
Според информациите од полицијата, на 11 ноември 2025 година, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, пријавениот бил затекнат во моментот кога оштетувал прозорец на вагон од историскиот воз „Ќиро“.
Станува збор за вагон кој е дел од музејски материјал, заведен во влезна книга како културно наследство и кој потекнува од 1917 година.
Од надлежните институции посочуваат дека случајот е документиран и против лицето се води постапка за кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Деск
Previous ArticleВЛЕГЛЕ ВО КАФЕАНА И УКРАЛЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА МАСИ И СТОЛОВИ

