На 4 јуни 2026 година, околу 14:00 часот, во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на подрачјето на општина Аеродром е пронајден повреден 46-годишен маж од Скопје.
Според информациите, лицето Д.Б. (46) било затекнато со повреда од остар предмет- нож, по што веднаш било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот. Според првичните сознанија и изјавата на повредениот, тој се повредил сам при несреќен пад во кујната додека работел.
За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните служби продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување на околностите.
Деск

