Легендарниот Британски пејач и артист Елтон Џон, се збогува со својот легендарен Британски автомобил – Aston Martin V8 Vantage V550.
Автомобилот е обоен во црна боја, има црн кожен ентериер и е погонуван од 5,3 литарски твин турбо V8 мотор, со 558 коњски сили, спарен со 6 брзински мануален менувач.
Погонот на овој Астон Мартин е на задните тркала.
Моделот е исклучително редок и произведен во само 239 примероци, што секако, го прави исклучително вреден.
Верувале или не, со него Елтон Џон, од 1997 година до денес поминал само 15,900 km.
За ВИКИМЕДИА, Зоран Дочински, Темпо мк

