Во раните утрински часови на 7 јуни, полициски службеници од ОВР Делчево привеле 92-годишен жител на Делчево, откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.
Според информациите од полицијата, околу 00:30 часот на улицата „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, при редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „Пежо“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (92).
При извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал 2,07 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законските прописи.
Деск

