На денот на вљубените – Свети Валентин, ја запроси саканата Ангела, а сега објави дека наскоро ќе станат родители. Популарниот музичар Драган Величковски – Тајзи (38) започнува ново поглавје во својот живот.
Присутен на сцената околу 16 години, тој во повеќе наврати искерно раскажува за неговиот жиовтен пат кој не бил лесен. Во постаро интервју ни раскажа дека неговите музички успеси се должат на неговиот труд, бидејќи не бил татин син кој го добил успехот на подарок.
И покрај признанијата од публиката, не се гледал себе како некој кој е популарен, и секогаш работел со голем жар.
Исто така, пред неколку години откри дека на 18-годишна возраст имал тешка операција и бил на работ да го изгуби животот.
Кажа дека тогаш се молел на Бога тоа да не им го прави на неговите родители и да му даде уште една шанса. По операцијата, животот му се променил од корен и тој започнал да пее и пишува.
Деск
Previous Article„УРАГАН“ – ЛЕТЕН СИНГЛ ШТО ЈА НОСИ НОВАТА ЕНЕРГИЈА НА ZANADU

