Премиерот Христијан Мицкоски од Истанбул изјави дека Владата активно работи на засилување на економската соработка со странски партнери и дека земјата е целосно отворена за нови инвестиции, при што посебен интерес во моментов покажуваат компании од Турција.
„Турските инвеститори се добредојдени, ги повикуваме во што е можно поголем број да дојдат, да инвестираат тука, заедно да инвестираме во проекти коишто се од стратешко значење“, порача Мицкоски.
Тој истакна дека Владата настапува со активна економска политика и дека фокусот е насочен кон создавање услови за поголем економски раст, нови работни места и зголемен прилив на странски капитал.
Според него, Македонија нуди конкурентни услови за инвестирање и претставува атрактивна дестинација за странски компании, особено во период кога Владата ја засилува економската дипломатија и соработката со бизнис-заедницата.
-Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, Турција.
Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување на странски директни инвестиции, порача премиерот.
Мицкоски нагласи дека економијата е еден од клучните приоритети на Владата и дека преку партнерски однос со домашните и странските компании се гради стратегија за долгорочен развој.
Изјавата доаѓа во контекст на засилена комуникација меѓу македонските институции и бизнис-заедници од Турција, како дел од пошироката политика за привлекување инвестиции и унапредување на трговската размена меѓу двете земји.
Деск
МИЦКОСКИ: ПОСТОИ НАВИСТИНА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС КАЈ ТУРСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
2 Mins Read
Previous ArticleТАЈЗИ И АНГЕЛА НАСКОРО ЌЕ СТАНАТ РОДИТЕЛИ

