Го доби највисокото театарско признание ,,Добричин прстен”, а десет години подоцна неговата сопруга Дина била принудена да го продаде, бидејќи немала пари да се прехрани. И до денес неретко се спомнува приказната за златниот прстен кој легендарниот актер Зоран Радмиловиќ (1933-1985) го добил две години пред да почине. Станува збор за престижно признание кое се доделуваше во поранешна Југославија, и еден ден пред да му биде врачен прстенот на свеченост, директорот на Музејот на театарска уметност, Драгован Јовановиќ, заминал во златарата Мајданпек да го подигне.
Свеченоста била планирана во Сава Центар, на Денот на СФРЈ, 29-ти Ноември. Пред настанот, Драгован се вратил дома загрижен, не знаејќи каде го изгубил прстенот. Во тие моменти на паника, се јавиле во Студио Б, најслушаната белградска радио станица, и понудиле награда за оној кој ќе го пронајде. Утрината на Драгован му се јавил таксистот кој го возел и му го донел прстенот, кој паднал во возилото, а наместо ветената парична награда, побарал да му дадат влезница за настанот на доделување на прстенот, затоа што Радмиловиќ му бил омилен глумец.

Зоран Радмиловиќ зад себе стави голем број на маестрално одиграни театарски и филмски улоги. Неговата сопруга Дина, исто така беше актерка. Долго време немале деца, па ја посвоиле Ана (1974-2017), која ја опсипувале со љубов. Тој почина на 52 години, поради проблеми со дигестивниот тракт, а неговата ќерка потоа објави две книги, пред да почине на 43-годишна возраст. Дина пак, почина само две години по смртта на ќерката. За него е снимен филмот ,,Глумчина”.
Деск

