Општина Неготино, во координација со Здружението на социјалните работници и корисниците на крајните услуги, потпиша меморандум за ангажирање на лица за извршување на општо корисна работа.
Меморандумот е потпишан со претставници од локалните училишта, Јавното претпријатие „Комуналец“, детската градинка „Фемо Кулаков“, како и Дневниот центар за лица со посебни потреби „Порака“.
Со документот се воспоставува механизам за вклучување на малолетници – сторители на прекршочни дела во активности од општокорисен карактер. Тие ќе бидат ангажирани во наведените установи, каде што ќе извршуваат работни задачи согласно потребите на институциите и однапред утврдени правила.
Од општината појаснуваат дека целта на оваа мерка е младите да добијат можност за корисно општествено ангажирање, да придонесат кон локалната заедница и истовремено да се поттикне нивната ресоцијализација и развој на одговорно однесување.
Деск

