Пет министерства, заедно со пратеници, институции и граѓански организации, денеска потпишаа Декларација за намери за превенција на насилството кај младите, со која се обврзаа на поинтензивна соработка и координиран пристап во справувањето со овој општествен предизвик.
Декларацијата ја потпишаа:
Министерство за образование и наука
Министерство за спорт
Министерство за внатрешни работи
Министерство за социјална политика, демографија и млади
Министерство за дигитална трансформација
Меѓу потписниците е и пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на партнерски институции, невладини организации и членови на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, која работи со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Со декларацијата, потписниците се обврзуваат да работат на создавање безбедна училишна средина, промоција на ненасилна комуникација, превенција на насилството во спортот, зајакнување на дигиталната безбедност, унапредување на менталното здравје и психосоцијалната поддршка, како и на поголема институционална координација и активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки.
Организатор на настанот беше Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а целта е воспоставување поефикасен и координиран систем за превенција и справување со сите форми на насилство меѓу младите – во училиштата, заедниците и дигиталниот простор.
Деск
Previous ArticleМАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА СО ЗАЕДНИЧКА ГРАНИЧНА КОНТРОЛА

